Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Honda догодина со спортист што користи вода како гориво
15.05.2007
honda_fcx_conceptHonda ќе почне догодина да го продава купето со погон на водород во САД и Јапонија, што е порано отколку што се најавуваше. Причината се цените на горивата и ограничувањето на потрошувачката.


Најавата за поместувањето на стартот со малата серија на купето што користи водород како погонско гориво следува веднаш по одлуката на американскиот сенат за драстично редуцирање на просечната потрошувачка за 40 проценти до 2020 година што предизвика земјотрес со средна силина кај американските производители.

На почетокот производството во ограничена серија на јапонското купе беше планирано за 2009 или 2010 година. Но, сега Honda најави дека веќе догодина ќе се појават првите примероци од Honda FCX. Во моментов автомобилите со погон на водород се прескапи за да се појават на пазарот. Со усвојувањето на горивните ќелии може значително да се намалат проблемите со издувните гасови и зависноста од земјите што извезуваат нафта да стане минато.

Претходникот на FCX беше изработен во серија од 30 примероци, кои отидоа кај неколку богати сопственици. Цената на еден таков автомобил изнесуваше 1,5 милиони долари.Настрана од сета оваа неизвесност, новата Honda FCX настапува со значајни подобрувања: досегот е зголемен на 550 километри, а тежината на системот од горивни ќелии е намалена за 200 килограми.

Погонската механика на FCX е интегрирана во подот на возилото, со што се постигнува ниско тежиште, но се добива и поголем простор во кабината. Самиот погон е составан од три електромотори. На предните тркала навалуваат 107 КС, а во средината на задните тркала е вграден по еден електромотор, секој со по 34 коњски сили.

И другите марки работат на водородниот погон. General Motors на крајот на 2007 ќе пушти на пазарот 100 примероци од Chevrolet Equinox Hydrogen, Ford работи интензивно на Ford Edge Hyseries, DaimlerChrysler има пуштено возила на тестирање по цел свет, а за BMW возат преку 100 лимузини од престижната серија 7 со погон на водород.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook