|
29.12.2011 |
|
Истражувањето на компанијата Warranty Direct од Велика Британија покажало дека автомобилите на јапонскиот производител Honda се најотпорни со при удирање и пропаѓање во дупки на пат.

Британските експерти востановиле дека едвај 1,4% од автомобилите на Honda завршиле во сервис заради поправка на делови од подвозјето кои попуштиле како резултат од удар и пропаѓање во дупки на патот.
Сосема очекувано на другата страна од листата се наоѓаат автомобилите на Chrysler, Smart и на Mercedes. Убедливо најлоши резултати покажува Chrysler. Дури 12% од неговите автомобили завршуваат на сервис заради дефекти на подвозјето предизвикани од лош пат.
Близу до него се и автомобилите на двете марки на германскиот концерн Daimler, Smart и Mercedes. Веднаш зад водечката Honda се наоѓаат Toyota и Hyundai, а зад нив се и Suzuki и Mazda. На шестото место се наоѓа Ford.
Истражувањето на Warranty Direct покажало дека годишно во Велика Британија 6% од возачите се сретнуваат со проблеми на автомобилот предизвикани од лош пат, а просечната цена на поправка на нов автомобил кој се здобил со дефект од ударна дупка е 370 европски банкноти.
|