Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Honda го открива новиот Accord
11.02.2008
honda-accord-new-gen-1.jpgОдделот за маркетинг во Honda одлучи да го отркие новиот Accord пред официјалното деби закажано за салонот во Женева. Интересно е што од старт се откриени и двете каросериски верзии.

Како што може да се забележи од фотографиите станува збор за дизајнерска еволуција на актуелниот модел, сепак, автомобилот сега е поширок и понизок со многу поизразени арки над тркалата и многу поклинеста линија.

И во седанот и во каравнот како и до сега на располагање стојат три моторни опции. Два бензинци и еден дизел. Познатите бензинци од 2.0 и 2.4 литри се доработени имаат малку поголема моќност, пониска потрошувачка и почист издув. Станува збор за 156 и за 200 коњски сили кои ќе се пренесуваат на подлогата преку предните тркала и мануелен менувач со шест или автоматик со пет степени на пренос.

Дизелот за разлика од бензинците може да се пофали дека е предводник на втора генерација на дизели од Honda која сега се нарекува i-DTEC и во која се вградува најновата технологија на повеќе фазни piezoelectric бризгалки, поефикасна рециркулација на издувните гасови ERG и филтер за честички чад за значајно смалување на емисијата на издувни гасови.

Крајниот резултат на сите овие подобрување е моќност од 150 коњски сили при 4.000 вртежи и максимален вртежен момент од 350 Nm при 2.000 вртежи. Моторот е спарен со шест степен мануелен менувач, додека за автоматикот ќе мора да се почека до 2009.

Комерцијализацијата и на двете каросериски верзии стартува кон средина на годината, но прецизни датуми нема бидејќи тие се разликуваат од пазар до пазар.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook