Долго најавуваниот хибрид на Honda, Insight, кој треба
да се фати во костец со Toyota Prius за зграбување на што поголем дел од
пазарниот колач го виде светлото на денот.
Во Детроит беше претставена конечната сериска верзија на
хибридот кој благодарение на новиот иновативен хибриден погон на Honda, IMA
Integrated Motor Assist и поефикасниот начин на производство, на купувачите ќе им
понуди еколошко возило по пристапна цена.
Со помош на ECON модусот кој
ја оптимизира работата на бензинскиот мотор, хибридниот погон и на континуираниот
варијабилен менувач CVT во Honda успеале да ја задржат потрошувачката на ниско ниво.
Просечната потрошувачка сепак е повисока од онаа на
главниот конкурент Prius. Insight во град ќе троши 5,9 L/100 km, а на
отворено 5,5 L/100 km. Но и ќе чини помалку.
Движечката сила на Insight ја
сочинуваат 1.3 литарскиот i-VTEC бензински мотор со моќност од 90 КС и електромотор со
моќност од 13 КС дел од системот IMA.
IMA ги вкомпонирува електричниот мотор и IPU
Intelligent Power Unit или комапактна интелгинтна единица за менаџирање на енергијата која ја прифаќа
кинетичката енергија произведена при сопирање и при забавување на возилото, ја
зачувува и ја враќа како дополнителна енергија при забрзување.
Напредниот систем на Honda Insight има
можност да го задвижува автомобилот само во електричен модус при услови на
возење со ниска до средна брзина на движење.
Системот дополнително овозможува деактивирање на дел од
цилиндрите на бензинскиот мотор при забавување и негово комплетно гасење кога
возилото стои.
Покрај иновативната техонолгија на погонот, Insight доаѓа со
долг список на сериска опрема што треба да биде дополнителен поттик за
потенцијалните купувачи.
Да споменеме само дел од опремата како автоматскиот клима
уред, дигиталните инструменти, електрика на стакла и ретровизори со греење,
централна брава со далечинско, аудио систем со CD и МР3 со
моќност од 160 W и четири звучници и дополнителен приклучок за USB и iPod.
Поопремената верзија дополнително нуди темпомат, шест
звучници за аудио системот, ESP и сателитска навигација.
Insight стартува со продажба во април во САД, а подоцна се
очекува да пристигне и на европскиот пазар.
Според извори на Honda во Европа
цената би требало да стартува од околу 17.000 евра што е значително пониско од
цената на еден Prius.
Комплетна галеријата од новиот Insight ќе биде
дополнително поставена.
|