Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Honda NSX ќе осамне во Детроит
04.01.2012

Од инсајдери на Honda пристигнува информација дека новата генерација на легендарниот спортскиот автомобил на марката, NSX, ќе биде прикажана на претстојниот салон во Детроит.

honda-nsx-crtez-1-2012-1

На салонот премиерно ќе биде прикажан концептот кој ќе го даде првото визуелно доживување за новиот спортист, но исто така ќе ја открие и техниката што ќе се сокрива под ламарината на новиот NSX.

Се верува дека во Деторит заедно ќе бидат изложени и купе и родстер. И двете верзии на NSX ќе имаат погон на четири тркала и ќе користат хибриден систем составен од бензинец и два електрични мотори.

Бензинецот V6 има зафатнина од 3.5 литри поставен е централно во шасијата и ги задвижува задните тркала, додека двата електромотори се сместени под хаубата напред и ги задвижуваат предните тркала.

Очекувањата се дека здружената моќност на бензинецот и електромоторите е околу 400 КС кои се доволни за лов на темпо 100 за помалку од 5 секунди. Иако наскоро ќе го видиме концептот, серискиот NSX се очекува дури во 2014 година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook