Get Adobe Flash player

Honda подготвува уште поспортски хибрид
23.02.2010

Спортското одделение на Honda подготвува цел список на компоненти со кои сопствениците ќе можат да го модификуваат својот нов спортски хибрид CR-Z, но се чини дека тоа е само дел од приказната.

honda-cr-z-koncept-1

Имено подготовките во Mugen се однесуваат на нов аеродинамички кит за CR-Z, модификации на суспензијата и акцентирање на детали во внатрешноста. Сето ова сопствениците на CR-Z ќе можат да го купат дополнително кај дилерите на Honda.

Mugen за сега нема да го чепка моторот и хибридниот погон на CR-Z.

Причината за ваквото оградување е подготовката на Type R верзија на CR-Z која како и останатите спортски изедби на моделите на Honda ќе нуди лути перформанси потпомогнати со соодветен визуелен настап.

Honda со најавениот CR-Z Тype R сака да докаже дека и хибридите можат да бидат подеднакво спортски автомобили колку што се штедливи. Така кај CR-Z Тype R можат да се очекуваат аеродинамички додатоци изработени од карбон-фибер.

Понатаму, замена на панели на каросеријата со полесни како што се хаубата или предните крила кои исто така ќе бидат изработени од карбон-фибер, одбир на посебна палета на бои и леснометални бандажи со поголем дијаметар.

На списокот измени треба да се додадат и спортското подвозје и спортскиот издув кој покрај подигнувањето на перформансите на бензинскиот мотор ќе придонесе и за соодветна звучна кулиса.

Се очекува моќноста кај CR-Z Тype R од пристојните 124 КС да биде подигната на серизони 170 КС со зголемување на снагата на бензинецот и со поставување на помоќен електромотор.

Трите модуси на работа познати од обичниот CR-Z би требало да се задржат и кај Тype R исто како и шест степениот мануелен менувач познат од европската верзија на CR-Z. Најверојатно варијабилниот автоматскиот менувач со континуиран преносен однос нема да го најде своето место во CR-Z Тype R.

Пристигнувањето на CR-Z Тype R се очекува некаде на средина на 2011, или отприлика една година откако обичниот CR-Z ќе стартува со продажба на европскиот пазар.

 
Get Adobe Flash player