Get Adobe Flash player
Honda со нов тркач
28.12.2009

Honda одлучи да игра на сигурно во време на финансиска криза и поради тоа го запре развојот на наследникот на NSX кој требаше да влезе во лигата нови јапонски спортисти.

honda-hsv-10-gt-2010-1

За разлика од Nissan и Lexus кои ги прикажаа своите пулени за борба со европските производители како Ferrari и Lamborghini, Honda која до сега докажа дека знае да скори вистински спортист малку ќе мирува.

Иако проектот од каде требаше да произлезе новиот NSX беше во завршна фаза на развој раководството во Honda одлучи да стави точка објаснувајќи ја одлуката со лошите економски услови поради кои не е време за експерименти туку само за сигурни проекти.

Супер спортистот на Honda кој во едно време беше најавен дека ќе се појави и под беџот на Acura со полно име Acura Sports, требаше да биде задвижуван од моќен V10 што значеше дека ќе биде директен конкурент на Lexus LF-A.

Без оглед што проектот NSX не продолжува во едно финално остварување, развојот на шасијата нема да биде отфрлен туку така. Јапонците се практичен народ па затоа одуката падна шасијата да ја користи спортскиот оддел на Honda.

Инженерите на Honda Racing веднаш се фрлија на работа создавајќи го новиот тркач спремен да се натпреварува во јапонската серија Super GT, каде настапува и Nissan со својот GT-R.

Интересно е што правилата на Super GT - јапонскиот шампионат со сериски модификувани автомобили, дозволуваат еден автомобил да се натпреварува без оглед што не се произведува сериски. Доволно е само да биде нагласено дека е можно сериско производство.

Новиот тркач на Honda кој ќе вози во екстремно популарната Super GT серија во Јапонија ќе го носи името HSV-10 GT (Honda Sport Veloce) и според инженерите на Honda носи шасија и каросерија изработени од карбон-фибер.

Место најавуваниот V10 со 500 КС дериват на моторот од Формула 1, HSV-10 GT ќе го задвижува 3.4 литарски V8 способен да оствари околу 600 КС при 10.300 врт/мин, но за во Super GT снагата ќе му биде смалена на 500 КС бидејќи така налагаат правилата на шампионатот.

Снагата од 500 КС ќе се пренесува на задните тркала преку секвенцијален менувач кого го испорачува специјалистот Ricardo, а истиот менувач ќе го користат и конкурентите од Nissan и од Toyota во следната сезона.

Новата сезона на серијата Super GT стартува на 20 март.

 

 

 

Facebook