|
04.03.2008 |
Јапонскиот производител сака да се етаблира како зелен
производител и да стане лидер во хибридната технологијата со претставување на
повеќе хибридни модели во следните неколку години.
Планот е да ја зголеми продажбата на вкупно 400.000
хибриди на годишно ниво до 2012. Ова секако ќе биде неверојатен напредок за Honda бидејќи
минатата година продаде само 55.300 хибриди глобално.
Дел од ниската продажба е и недостатокот од автомобили со
хибриден погон. Минатогодишната бројка е постигната само со еден едиснтвен
модел, а тое е Honda Civic. За да го реши овој проблем Honda планира да
воведе во сериско производство три нови хибриди меѓу кои и спортски автмобил,
автомобил од ниската класа и новата генерација на Honda Civic
Hybrid.
Honda не стравува за исполнување на своите цели бидејќи во
моментов неколку се случуваат работи што и одат во прилог. Една е зголемување
на побарувачката на зелени автомобили, посебно во Европа, каде Honda
ќе го претстави својот спортист изработен на база на концептот CR-Z.
Второ е драстичното зголемување на цената на горивата поради што нагло се
зголемувва и побарувачката за хибриди.
Факт е дека Toyota сеуште е лидер во
продажба на хибриди, со вкупно осум модели кои работат на бензин и електрика и
продажба која лани достигна бројка од 429.000 автомобили.
Примарната цел на Honda не е да ја
престигне Toyota туку да и земе добар дел од колачот.
|