|
22.04.2008 |
Иако станува збор за концепт, кинескиот производител HongQi тврди дека
возилото е блиску до сериско производство, односно дека безмалку неизменето би
можело да пристигне за неколку месеци.
Но, во зборовите „би можело” се крие и најголемиот
показател за тоа кога овој SUV ќе стигне до потенцијалните купувачи. И покрај
спремноста во HongQi сепак, калкулираат со комерцијализацијата и како краен
датум ја ставаат средината на 2010.
Без оглед на плановите овој кинeски SUV е
вистинско освежување бидејќи станува збор за оригинален дизајн кој не е
инспириран од некој од успешните европски модели. Под хаубата работи грдосија
од мотор V12 кој припаѓа на сестринската компанија FAW
Group.
Футуристичкиот дизајн на каросеријата се повторува и во
ентериерот кој сјае од синото осветлување на арматурата од која би се импресионирал
и пилот на борбен ловец.
Со оглед на напредокот на технологијата има големи шанси
оваа хајтек кабина да биде преселена во серискиот модел кога ќе се појави
на пазарот во 2010.

|