|
10.12.2007 |
Фановите на Hummer во Европа ќе можат
да се запишат во списокот за нарачка на лимитираната серија на Hummer
H3 комплетно дотеран во црн финиш и надополнет со опрема вредна 5.000 евра.
Понудени се само 50 примероци од ова црно издание на Hummer
H3 кои ќе стартуваат со продажба до крајот во следните две седмици.
Овој Н3 Black Edition е направен на основата на моделот H3
Adventure со автоматски менувач кој е обоен во црна боја и има ентериер преслечен во
црна кожа со детали исто така обоени во црна боја, но со мат финиш.
Во мат е обоена предната маска, страничната помошна цевка
за качување, кровните шини, капакот од отворот за гориво, рачките од вратите,
ретровизорите и леснометалните бандажи.
Половина од серијата, поточно 25 модели ќе имаат
дополнителен електричен стаклен кров, а сите модели ќе бидат опремени со
сателитска навигација.
|