Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hummer H3T
28.01.2008
hummer-h3t-1.jpgПрактичните американци неможат да се замислат себе си без голем пикап паркиран пред куќи. Тоа на американските производители на автомобили им е јасно како еден и еден два.

Затоа секоја сериозна компанија која сака да успеа на тамошниот пазар несмее да си дозволи да нема една вакво големо чудо со отворен карго простор во својата понуда. Досега само на Hummer му успеваше да продава без ваков идол во својата програма. Долго оддолеваше на барањата на клиентите за еден пикап, но на крај не додржа.

Интересот на купувачите е на прво место па оттука новиот Н3Т е логичен след на настаните. Она Т на Н3 е ознака за Truck или камион, така американците ги нарекуваат своите пикапи, кој ќе дебитира на салонот во Чикаго во февруари.

Новиот пикап е поставен на основата на теренецот Н3 ги носи неговите мотори и неговата патничка кабина, но поради дополнителниот теретен простор е подолг. И моторите се исти послабиот 3.7 литарски линиски пет цилиндарец кој остварува 242 КС и помоќниот 5.3 литарски V8 кој може да се пофали со здрави 295 коњски сили.

Преносот на снагата до сите четири тркала е преку пет степен мануелен менувач или четири степен автоматик. По потреба возачот може да го вклучи и редукторот и блокадата на средишниот диференцијал.

Подетални информации околу механиката и перформансите очекуваме по претставувањето на Н3Т, дотогаш единствено можеме да уживаме со овој колос на четири тркала разгледувајќи ја галеријата .


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook