Станува збор за информација која протекла некаде во
редовите на GM, некоја агенција за маркетинг, или пак, некoј медиум кој го имал ексклузивното право прв да го прикаже новото чедо на Hummer.
Очигледно е дека веќе никој не ги почитува ембаргата,
бидејќи еден куп тајни прерано се откриваат на интернет. Но, тоа и не е толку
страшно уште повеќе кога станува збор за најновиот и најинтересниот концепт на Hummer, HX.
Кога ќе се фрло поглед врз фотографиите она што се
открива на нив е несомнено Hummer. Тука не забуна. Тоа го кажуваат и димензиите бидејќи HX во ширина
мери дури 2.057 милиметри, а меѓуоскиното растојание е растегнато на 2.616
милиметри со тркала кои едвај и да влегуваат во габаритот на теренецот.
НХ може да биде и е отворено возило по отстранувањето на
кровот, вратите и задниот капак што во многу нешта наликува на легендарниот Jeep,
а се забележува и дека формата потсетува на концептот на Jeep,
Hurricane претставен во 2005. Но, можеби тоа е и основната цел на Hummer да направи
вистински теренец по урнекот на Jeep и со тоа да го
напушти военото наследство што го влече со себе од создавањето на првиот Hummer.
Но, Hummer не сака само да се тргне настрана од воениот изглед,
исто така сака да биде зелен. Постојаниот погон на четири тркала снага од 3.6
литарскит V6 SIDI направен по FlexFuel технологија и
подеднакво работи и на етанол или Е85. Врската меѓу погонот и моторот е шест
степен автоматски менувач.
Независната суспензија на сите четири тркала овозможува
голема артикулација на оските на нерамен терен, а дополнително помага и
предниот стабилизатор кој се исклучува електронски. НХ вози на огромни гуми со
надворешен пречник од 35 инчи кои треба да му обезбедат проодност на терен
како на една дивокоза.
Инспирацијата за уредување на кабината доаѓа од
свемирските бродови со седишта направени од метал и гумирани балистички
материјали. Со ова се постигнува функционалност и лесно одржување што во основа
е и суштината на концептот НХ и воопшто на Hummer.
НХ се очекува да биде претставен на салонот во Детроит.
|