|
Кризата не влијае на Hyundai. Без оглед на финансиски проблематичната година продажбите на производителот од Кореа во САД бележат значителен раст во однос на минатата година.

Всушност групацијата Hyundai Мотор Company каде влегува и Kia е единствена од големите производители на автомобили која бележи раст на продажбата на американскиот пазар во споредба со лани.
Растот на продажбата на Hyundai и на Kia изнесува 24% и годинава групацијата успеала да оствари удел на пазарот во САД од 4,3%, додека минатата 2008 уделот изнесувал 3,1%.
Најголем виновник за успехот на Hyundai Motor Company e воведувањето на специјалната кризна програма која корејскиот производител ја применува само во Соединетите Американски Држави.
Програмата гарантира дека на купувачот на било кој модел на Hyundai и на Kia, Hyundai Motor Company ќе му го откупи автомобилот назад и ќе ја затвори кредитот, доколку тој ја изгуби работата и му се намалат приходите.
Иако една ваква програма претставува ризик за производителот, сепак успеа да привлече многу нови клиенти, посебно заради големото медиумско внимание кое го предизвика. Сето ова влијаеше позитивно на имиџот на Hyundai во САД.
Еден угледен финански аналитичар во САД истакнал дека со својата програма Hyundai продава „спокојство во несигурно време”.
Како дополнителен поттик за привлекување на купувачите се и новите модели големиот седан Hyundai Genesis и спортски ориентираното купе кое ја дели неговата основа и неговото име Hyundai Genesis Coupe.
Во насока на зголемување на продажбата и грижа за корисниците од Hyundai истакнаа дека продолжуваат со својата програма дури и ако кризата помине.
Тоа значи дека на секој купувач на Hyundai ќе му биде откупен новиот автомобил, доколку тој се сретне со економски проблеми.
Hyundai не нуди празно ветување, а доказ е дека од воведувањето на програмата до сега од клинетите биле откупени помалку од 100 автомобили.
|