Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai Elantra Coupe
10.02.2012

Hyundai го претстави долго очекуваното купе од новата генерација на Elantra кое го задржува генералниот облик на седанот воден под мотото флуидна скулптура, но нуди дополнителна доза агресивност.

hyundai-elantra-coupe-1-2012-1

Таа доаѓа од новиот преден браник со поостри линии во пределот на маската, кај светлата за магла и во подножјето. Маската е поистурена и има нова понагласена форма на шестоагoлник и длабоко V каде стои беџот на Hyundai.

Elantra Coupe ја задржува страничната линија со рамни арки кои се обвиткуваат околу тркалата за подобра аеродинамика и длабоко профилиран појас кој завршува со задната група светла и подигнатиот капак на багажникот.

Кај купето тој има понагласен интегриран спојлер за да ја нагласи спортската нота на автомобилот дополнувајќи го црно обоеното испапчување на дното од браникот од каде штрчат две издувни цевки.

Гледано од страна линиите на кровот и на појасот се идентични со седанот. Секако разликата е во отсуство на задниот пар врати заради што купето личи поелегантно.

Под хауба на Elantra Coupe на почеток ќе работи 1.8 литарски бензинец со 150 КС и 177 Nm којшто е спарен со шест степен мануелен или автоматски менувач, подоцна се очекува и турбото од Veloster, 1.6 T-GDI со 204 КС.

Планот на Hyundai е со Elantra Coupe да зграпчи голем дел од пазарниот колач во сегментот и сериозно да им ги замрси конците на главните конкуренти во САД, купеата на Honda Civic и на Kia Forte Koup.

Со вака одредена агенда за Elantra Coupe, Hyundai става на знaење дека купето во Европа нема да го видиме наскоро. Стартот на продажбата во САД е закажан за на есен.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook