Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai Elantra официјално
30.04.2010

Долго очекуваната нова генерација на Hyundai Elantra официјално е претставена на салонот за автомобили во Бусан, Јужна Кореа. Автомобилот е претставен под името Avante кое се користи на домашниот пазар.

hyundai-elantra-avante-2010-1

Најпродаваниот автомобил на Hyundai на глобално ниво е комплетно создаден од бел лист хартија и ги следи дизајнерските смерници на моделите на Нyundai од новото време кои почнуваат со новата генерација на Sonata.

Покрај шик новиот дизајн налик на купе со четири врати кого во Hyundai го нарекуваат Флуидна скулптура, Elantra користи комплетно нова платформа, најнова генерација на мотори и менувачи.

Внатрешноста од Hyundai сеуште не ја откриваат, но затоа не се срамат да се пофалат дека и внатре Elantra – Avante ги следи дизајнерските смерници поставени од Sonata, а ги користи и истите материјали со висок квалитет.

Под хаубата како и кај новиот Accent – Verna работи атмосферскиот бензински четирицилиндарец со директно вбризгување на горивото GDI - Gasoline Direct Injection и зафатнитна од 1.6 литри.

Моторот од најновата Gamma генерација мотори на Hyundai во Elantra испорачува 140 КС и максимален вртежен момент од 167 Nm. Моторот е врзан со шест степен автоматски менувач исто така од нова генерација.

Автоматскиот менувач е прв од ваков вид поставен во Elantra и моторот со директно вбризгување на горивото и овозможуваат на Elantra да оствари за 10% пониска потрошувачка од своите конкуренти.

Останатите технички новини кои ќе ги нуди Elantra се HID High Intensity Discharge предни светла, LED задни светла и светла за возење дење, греење на задни седишта, TFT LCD екран во боја сместен на инструмент таблата меѓу бројачот на вртежи и брзиномерот.

Според Hyundai комерцијализацијата на Elantra на пазарот во Јужна Кореа стартува кон средина на летото, додека кон крајот на годината продажбата треба да стартува и на пазарот во Северна Америка.

Кога и европските купувачи ќе можат да се днат зад воланот на новата генерација на Elantra од Hyundai не даваат информации.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook