|
17.03.2009 |
Новиот знаменосец во ергелата на Hyundai е
забележан на улиците во Дубаи што претставува вистинска реткост бидејќи според
огдговорните на марката тој нема да се продава надвор од Кореа.
Сепак, постои веројатност желбите на менаџерите да се
сменат. Едноставно побарувачката за еден квалитетен производ ќе ги наведе да ги
ревидираат своите одлуки.
Самото појавување на најголемата лимузина на Hyundai на улиците
во Дубаи говори за зголемениот интерес за модели на корејскиот производител на
еден од најпребирливите пазари на светот како што се Обединетите Арапски
Емирати.
Главната причина зошто во Hyundai не сакаат
да го афирмираат Equus надвор од Кореа е да не се случи канибализам меѓу него и
Genesis, највеќе ако се знае дека и двата автомобили се
поставени на иста платформа.
Но, факт е дека работите наскоро може да се сменат, барем
на некои пазари кои би го преферирале помасивниот изглед и поголемото меѓуоскино растојание на Equus.
|