|
20.03.2008 |
Hyundai конечно на салонот во Њујорк на светската јавност и го
претстави својот првенец, купе со погон на задни тркала, а кое е поставено на
платформата на Genesis.
Купето следствено го носи и името Genesis
Coupe и покрај шпекулациите дека можеби корејците ќе го задржат на старото име Hyundai
Coupe. Исто така ставен е крај и на шпекулациите дека под хаубата ќе работи
моќниот V8 од генерацијата Tau што веќе работи
во лимузината Genesis.
Моторната понуда во Genesis Coupe стартува
со 2.0 литарскиот турбо бензинец со четири цилиндри кој до задните тркала
испорачува 212 коњски сили. Вториот и помоќен мотор е 3.8 литарскиот
атмосферски V6 од генерацијата Lambda кој
остварува снажни 306 коњи доволни за спринт до 100 km/h за помалку
од 6 секунди.
Моторите се врзани со три менувачи. Шест степен мануелен
кој сериски се испорачува и кај двете верзии, потоа пет степен автоматик кој
оди со 2.0 литарецот и шест степен автоматик кој оди во 3.8 литарскиот V6.
Сериските диск сопирачки со пречник 320 милиметри напред
и 315 милиметри назад по желба на купувачот можат да бидат заменети со поголеми
од Brembo со пречник од 345 милиметри напред и 330 милиметри назад
кои ги зафаќаат четири клипни сопирачки клешти исто така од Brembo.
Заради поголема безбедност Genesis Coupe уште во
серија покрај ABS е опремен и со ESP и со цел комплет
на воздушни перници. Комперцијализацијата стартува на почеток на 2009.
|