Паралелно со отворањето на Северно американското
автомобилско шоу во Детроит се гласаше и за автомобил на годината во Северна
Америка за 2009, а наградата ја освои Hyundai Genesis.
Големиот седан на Hyundai беше
миленик на жирито и победи во категоријата на автомобили, додека во
категоријата на камиони – категорија која се однесува на теренски возила, пикап
и SUV – победата ја однесе пикапот Ford F-150.
Во финалето на изборот во категорија на автомобили
покрај Hyundai Genesis влегоа и Volkswagen Jetta
TDI и Ford Flex. Победникот меѓу камионите Ford F-150 ги победи Dodge
Ram и Mercedes ML320 Bluetec.
Hyundai Genesis секако имаше голема конкуренција
бидејќи номинирани беа автомобили како BMW Серија 1
со новиот шест цилиндричен битурбо бензинец и Nissan GT-R исто така
со шест цилиндричен битурбо. Во групата беа и Cadillac CTS-V со моќен V8 со
механички компресор, но и секојдневни возила како Мazda 6 и Pontiac
G8.
Сепак, Genesis успеа да победи благодарение на квалитетната изработка,
добриот инженеринг и соодност вложено/добиено.
Голема мешаница настана во т.н. категорија на камиони,
каде вистинските припадници на оваа се американска класа беа само двата пикапи Ford
F-150 и Dodge Ram.
Еден Mercedes ML320 Bluetec е далеку од класата
во која беше номиниран. Исто важи и за останатите конкуренти како BMW
X6, Infinity FX35 и FX50.
Околу оваа класа се водеа и најголемите полемики по што
остана еверувањето од страна на организацијата дека е дојдено времето кога
категориите ќе мораат да се ревидираат и да се направи нова подлеба.
До тогаш Hyundai Genesis ќе може да ужива во заслужената
победа.
|