|
Hyundai го исполни ветувањето. Релативно брзо по претставувањето на комбито i40 SW пристигнува и седанот кај кого отсуствува ознаката SW и личи прилично динамично, барем според приложениот тизер.

Да не должиме. Hyundai i40 премиерно ќе биде откриен на претстојниот салон на автомобили во Барцелона на 12 мај, четврток. Се чини дека одговорните за маркетинг вешто го избегнале петок тринаесети.
Како и неговиот постар брат i40 SW и i40 е комплетно развиен и нацртан во европскиот оддел за развој на Hyundai сместен во Риселхајм, Германија. Ова значи дека е скроен според европски терк и носи европски идентитет.
„Нацртавме автомобил со флуидни линии посебно во задниот дел кој всушност му го дава карактерот на i40,” истакнува главниот дизајнер во развојниот центар на Hyundai Motor Europe, Томас Бјоркле.
„Сакавме да се оддалечиме од типичен дизајн на триволуменски седан и да создадеме автомобил кој ќе го задржи спортскиот дух прикажан преку комбито i40 SW. Затоа извлековме ниска линија на кровот и му дадовме на i40 лик на купе.”
Личниот дизајн му е потребен за да се справи со силната конкуренција во сегментот како Citroen C5, Opel Insignia, Peugeot 508, Renault Latitude, Toyota Avensis, Volkswagen Passat…
Техниката е иста како и кај комбито. Тука се новиот атмосферски бензинец со директно вбризгување на горивото 1.6 GDI кој испорачува 138 КС и 2.0 литарецот со 177 КС и новиот турбо дизел од 1.7 литри со 115 и 136 КС.
Со нетрпение се очекувaaт турбо верзите T-GDI на 1.6 GDI и на 2.0 GDI кои ќе испорачуваат 205 и 275 КС и максимален вртежен момент од 265 и 365 Nm. Подробни информации следат.
|