Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai го обновува Accent
04.06.2009
hyundai-verna-accent-nov-1.jpgПроизводителот на автомобили од Јужна Кореа на затворена премиера ја претстави Verna Transform модернизираната верзија на популарниот автомобил кој на европските пазари го препознаваме како Accent.

Обновената Verna, односно Accent, најпрво ќе тргне во освојување на пазарите во Азија, а подоцна најверојатно кон крајот на годината може да се очекува автомобилот да пристигне и на западните пазари.

Фејслифтот ја опфаќа предницата со нов браник, маска и светла. Нови се и страничните ретровизори со интегрирани трепкачи. Одзади од приложените фотографии единствено може да се забележи дека браникот е сменет во долниот дел и дека издувната цевка има трапезоидна форма.

Но, според информациите што доаѓаат од Hyundai комплетно се сменети и задните светла и браникот има нов облик, додека од страна нема никакви измени. Вратите со високо подигнатата заштитна лента остануваат исти.

Внатре нова е таблата со инструменти кои сега имаат сино осветлување како кај i30, додека централната конзола го задржува истиот концепт. Новина во опремувањето на новиот Hyundai Accent (Verna за источните пазари) се конекцијата Bluetooth и приклучокот за USB и AUX.

Од Hyundai истакнуваат дека кај Accent моделска изведба 2010 комплетно се модернизирани агрегатите кои сега имаат повеќе снага, пониска потрошувачка и се значително почисти.

Се очекува во новиот Accent да се вградува новиот 1.2 литарец кој веќе работи во моделите i10 и во i20 . Продажбата во Кореа веќе стартува, додека ние ќе треба да се стрпиме до Нова година или евентуално до почетокот на 2010.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook