Hyundai
ги објави првите официјални фотографии на новиот мек
теренец ix35 кој ќе биде откриен на салонот во Франкфурт. Станува збор за teaser и вистиснки
фотоси.
Сепак, моделот
не е откриен
во целост.
Hyundai
ix35 треба да го замени веќе временскиот модел на корејскиот
производител Tuscon.
Интересно е што серискиот ix35 е безмалку идентичен со
концептот HED-6. Единствената разлика е во предната маска која претрпела минорни измени
како и отворите за воздух во предниот браник.
Според првичните информации кои доаѓаат од Hyundai, новиот SUV, ix35 ќе се нуди со три мотори сите четири цилиндрични од кои два ќе бидат
бензинци и еден трубо дизел.
Бензинските агрегати од 1.6 литри и 2.0 литри можат да се
пофалат со директно вбризгување на горивото, намалена потрошувачка и пониска
емисија на СО2 со цел да се задоволат нормите Euro 5.
Најмоќниот агрегат во понудата ќе биде турбо дизелот од
2.0 литри кој ќе остварува дури 184 КС. Новина е што сите мотори ќе бидат
спарени со шест степен автоматски менувач.
Инженерите на Hyundai истакнуваат дека се работи за нова конструкција на автоматскиот менувач
која во споредба со претходниот пет степен автоматик е полесна за 12 kg и
штеди повеќе отколку еден мануелен менувач.
Ова пред се се должи на компактноста на менувачката кутија
и на помалиот број на вградени компоненти во нејзината конструкција, или пак,
како што велат во Hyundai има 62 компоненти помалку отколку претходникот.
Според најавите што доаѓаат од Hyundai продажбата на ix35 би требало да стартува кон крајот на годината.
|