Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai го зголемува производството
23.09.2011

Hyundai бележи зголемување на побарувачката по претставувањето на новата генерација на автомобили i40, i40 SW и новиот i30, но ова исто така важи и за обновениот i10, i20 и најмногу за ix35.

hyundai-i30-nova-generacija-1-2011-1

Зголемената побарувачка ги принуди одговорните во Hyundai да ја зголемат дневната продукцијата во фабриката во Ношовице во Чешка. Hyundai од прво најави воведување на уште една смена од 1-ви октомври.

Но, побарувањата за ix35 ги натера договорните тоа да го направат десетина дена пред крајот на месец септември. Воедно новата смена е потребна заради подготовките за старт на производството на новиот i30.

Стартот на продажбите е закажан за почетокот на следната година кога првите возила ќе пристигнат во дилерските центри ширум Европа.

Интересно е што за период помал од три години фабриката на Hyundai во Ношовице почна да работи во три смени. Сега со воведувањето на третата смена ќе се вработат уште 800 работници.

Тоа значи дека бројката на вработени во фабриката во Ношовице ќе се искачи на преку 10.000. Бројка вредна за почит.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook