Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai HED-5 i-Mode концепт
06.03.2008
hyundai-hed-5-i-mode-1.jpgФутуристичкиот стил зрачи од секоја пора на концептот на Hyundai наречен HED-5 i-Mode, подготвен специјално за салонот во Женева и го покажува правецот на развој на корејската марка.

Дизајнерите одлучиле кај HED-5 i-Mode да ги направат работите малку поинакви. Вдлабнувањата и испакнувањата на каросеријата како да немаат одреден правец, сепак, придонесуваат за агресивен лик.

Помошните носачи одскокнуваат од вообичаените правила и внесуваат свежина и флуидност во страничната линија, додека високиот заден крај со силно профилирана врата и змијулести светла даваат на знаење дека не станува збор за некој обичен ван.

Интересно кај Hyundai HED-5 i-Mode е што футуризмот се огледува само во дизајнот на каросеријата и ентериерот. Моторот и механиката и припаѓаат на сегашноста.

Под хаубата работи 2.2 литарски турбо дизел со дво-степен турбо полнач кој остварува 212 коњски сили и вртежен момент од 416 Nm кој снагата ја пренесува до предните тркала преку шест степен автоматски менувач. Рециркулацијата на издувните гасови овозможува ниска емисија на азотни оксиди NOx. Ваквата приземнетост во однос на моторот укажува дека, иако HED-5 i-Mode не е спремен за сериско производство, неговиот мотор и менувач се. Во Hyundai најавуваат дека моторот и менувачот ќе се појават во нивните модели во 2009, а дво-степениот турбо во 2011.

Голем напредок е направен и во кабината. Очигледно е дека во Hyundai фокусот го ставиле врз комфорот и забавата при возење. За таа цел LG развил посебен систем кој е олицетворение на еден современ дигитален дом со пристап на интернет, можност за играње видео игри, гледање филмови, слушање музика и интегриран мобилен телефон. Безжичната конекција на сите системи пак овозможува користење на бежична тастатура, бежичен џојстик и слушалки.

А за патувањето да биде уште позабавно седиштето на совозачот може да се сврти за 180 степени и игрите може да почнат.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook