|
Еден од најинтересните концепти што ја доживеа светската премиера на салонот во Женева е i-Flow преку кого корејскиот производител Hyundai ја најавува новата генерација на својата Sonata.

Името i-Flow е рефлексија на аеродинамичкиот облик и флуидните линии кои го определуваат стилот на идниот фамилијарен превозник кој треба да се исправи пред конкурентите како Citroen C5 или Volkswagen Passat.
Одговорните во Hyundai истакнуваат дека дизајнот на i-Flow е продолжување на филозофијата на „флуидна скулптура” која се негува како кај концептите така и кај ноивата генрација на сериски модели.
Импресивниот дизајн на концептот е дело на дизајнерите од европскиот центар за дизајн на Hyundai сместен во Риселхајм. Германски се и новата генерација на лесни материјали од кои е создадена каросеријата и соларните ќелии сместени на кровот и потекнуваат од BASF.
По димензиите i-Flow е сличен со актуелната генерација на Sonata – 4.820/1.835/1470 и меѓусокино растојание од 2.795 mm. i-Flow во должина мери 4.780 mm, широк е 1.850 mm, висок е 1.420 mm и има меѓусокино растојание од 2.800 mm.
Во i-Flow е претставен првиот хибриден погон на Hyundai со дизел мотор. Електричниот мотор кој се храни од пакет на литум-полимер акумулаторски батерии е спарен со турбо дизел од 1.7 литри со турбо полнач кој има два степени на работа на турбината.
Од Hyundai не се расфрлаат премногу со технички податоци во врска со погонот, снагата на моторите, перформансите и автономијата на возилото. Истакнуваат само дека моторот ја пренесува снагата на предни тркала преку шест степен менувач со две спојки.
Hyundai i-Flow има коефициент на отпор на воздух Cd 0,25 кој му помага на оствари просечна потрошувачка од 3 L/100 km. Ниската потрошувачка е постигната и со поставување на посебна термичка изолација која го обвиткува моторот и му овозможува побрзо постигнување на работната температура и ја задржува кога моторот работи во лер.
Тие наведуваат дека благодарение на термичката излоација моторот на i-Flow може да работи во лер и да ја задржи работната температура во текот на 14 часа, додека неизолиран мотор ќе се олади за 3 часа.
Сето ова преведено во бројки значи намалување на потрошувачката на гориво за 3% во текот на летните денови и дури за 9% зиме. Од другите технолошки новини тука е термо-електричниот систем за регенерација на топлинската енергијана од издувниот систем која се користи за напојување на помошните системи.
Понатаму тука се адаптибилните аеродинамички елементи, системот кој учи како да се вози еколошки истакнувајќи ја моменталната потрошувачка и индикаторот за навремено менување на степените и функција ECO активно во реално време ја прилагодува погонската спрега: мотор, електромотор и менувач според условите на возење и напрегањето на автомобилот.
На врвот на технолошките новини се наоѓа системот „Eco Route” кој од системот за навигација добива информации за состојбата во сообраќајот во реално време и три димензионални слика за условите на пат и ги користи за да ја пресмета рутата која нуди најголема заштеда на гориво.
И шлагот доаѓа на крај. Од Hyundai веќе информираа дека серискиот модел кој ќе биде поставен на основата на i-Flow ќе се појави на пазарите во Европа во 2011.
|