|
09.02.2009 |
Hyundai на салонот во
Женева планира да ја прикаже изведбата со три врати на наследникот на успешниот
Getz, моделот i20, кој наскоро треба да се појави на пазарот.
Интересно е што во Hyundai за овој
модел ја избрале наставката купе, па така i20 со три
врати ќе се продава под полно име Hyundai i20 Coupe, а ќе го
задвижуваат три бензински агрегати и еден дизел.
Станува збор за нова генерација на мотори кои веќе
работат во некои од моделите на Hyundai. Најмалиот мотор со
зафатнина од 1.2 литри својот работен век го започна во малечкиот i10.
Поглемите бенсински мотори со зафатнина од 1.4 литри со
100 КС и од 1.6 литри со 126 КС ги препознаваме од поголемиот i30. Од таму е
познат и дизелот со зафатнина од 1.6 литри и 115 КС.
i20 Coupe стандардно доаѓа во
три нивоа на опременост именувани како Active Version,
Dynamic Version и i-Catcher, а на попребирливите купувачи по нарачка ќе им биде
достапна и верзијата Business Editon.
Точните спецификации за перформансите на i20
Coupe и за содржината на опремата на секој од четирите верзии сеуште се држат во
тајност и ќе бидат обзнанети по светската премиера во Женева.
Се знае дека i20 Coupe е долг 3.940 mm, широк е
1.710 mm и висок е 1.490 mm. Во Европа би требало да стартува со цена од околу 13.000
евра.
|