Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai i30 спремен да освојува
26.09.2011

Конструиран и дизајниран во Техничкиот центар на Hyundai во Риселхајм новиот i30 претставува понатамошна еволуција на единствениот дизајнерски јазик на Hyundai познат како флуидна скулптура.

hyundai-i30-new-gen-1-2011-1

Новата генерација на i30 има тешка задача пред себе. Треба да тргне по стапките на својот претходник кој од претставувањето во 2007 година, до денес, во Европа  се продаде во преку 360.000 примероци.

Во Hyundai веруваат дека новата генерација на i30 е новиот бестселер на марката благодарение на стилот инспириран од природата и претворен во модерен дизајн кој во секој детал открива тридимензионални форми кои течно преоѓаат една во друга.

Испреплетени како во една скулптура флуидните линии го формираат атлетскиот и воедно агресивен настап на i30 кој дава чувство на постојано движење дури и кога стои.

Геномот доаѓа од i40 чиј највпечатлив детал, хексагоналната маска, се пресликува и кај i30. И во кабината провејува духот на поголемиот i40 што значи дека е скроена според повисоки стандарди во поглед на квалитетот на материјалите.

hyundai-i30-new-gen-2-2011-1

Според повисоки стандарди е и опременоста, па така и во i30 се нуди големиот екран од течни кристали осетлив на допир на кого се прикажуваат функциите од автомобилот, а со доплата и мапите од навигацијата.

Меѓу поинтересните опции кај новиот i30 стои флексибилното управување, или Flex Steer, со три модуси на работа Comfort, Normal и Sport, секој со различно ниво на асистенција и повратни информации за соодветно возачко задоволство.

Новиот i30 нуди повеќе простор благодарение на поголемите димензии. Со должина од 4.300 mm, ширина од 1.780 mm и висина од 1.470 mm е подолг, поширок и понизок од претходникот.

Под хауба на i30 ќе работат три дизели и три бензинци. Понудата на дизелите почнува од 1.4 литарецот со 90 КС и 220 Nm. Следи помоќниот 1.6 литарец во две изведби со 110 КС и 260 Nm и 128 КС и исто така 260 Nm.

hyundai-i30-new-gen-3-2011-1

Бензинците започнуваат со познатиот 1.4 литарец со 100 КС и 137 Nm. Помоќна опција е 1.6 литарецот со 120 КС и 156 Nm. Додека врвот во понудата е новиот 1.6 GDI познат од Veloster, има директно вшрпцивање на горивото и 135 КС и 164 Nm.

Сите мотори сериски се спарени со шест степен мануелен менувач, додека за моторите со зафатнина од 1.6 литри на располагање стои и автоматски менувач исто така со шест степени на пренос.

Што се однесува до податоците од перформансите и потрошувачката од Hyundai сеуште не ги наведуваат истакнувајќи дека ќе бидат објавени непосредно пред стартот на продажбата заедно со цените.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook