Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai ќе прави големи кросовери
16.02.2012

Hyundai планира создавање на неколку големи кросовери со 7 места за седење со цел да се справи со големата конкуренција на американски и јапонски возила од овој тип на пазарот во САД.

hyundai-ix55-1-2012-1

Информацијата доаѓа директно од шефот на американското одделение на Hyundai, Џон Крафчик кој смета дека треба да се искористи популарноста на автомобилите на марката во САД за на пазарот да се пробијат и кросоверите.

Станува збор за неколку големи возила кои ќе ги наследат сегашниот Santa Fe и ix55. Првиот во низата ќе биде новата генерација на Santa Fe кој ќе се продава и во Европа под ознаката ix45.

Ќе следи новиот ix55 или Veracruz во САД. И двата меки теренци ќе се нудат во верзии со седум места за седење и доволно простор во багажникот. Третиот ред седишта ќе се собира во подот на багажникот и ќе се извлекува по потреба.

Крафчик наведува дека планот на Hyundai е зацврстување на пазарот во САД, најважен за растот на марката, а тоа подразбира покривање на сите пазарни сегменти со соодветен модел.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook