|
07.12.2007 |
Hyundai ја претстави својата нова лимузина Genesis во своето
студијо за развој и дизајн. Покрај Genesis беа изложени и
лимузини на Mercedes и на BMW кои ќе бидат главни конкуренти на знаменосецот на Hyundai.
Потврдено е дека најмоќниот Genesis ќе го
задвижува 4.6 литарски V8 Tau со 380 коњски сили, а во оптег се и 3.3 и 3.8 литарските
V6 Lambda мотори со 265 и 305 коњски сили. Ќе се сложите ова се
прилично импресивни бројки.
Погонот ќе биде на задните тркала преку шест степен
автоматски менувач.
Снагата не е единствениот импресивен аспект на Genesis.
Автомобилот доаѓа опремен со Smart Cruise Control (SCC) или
паметен темпомат, адаптибилни предни светла и аудио систем Lexicon
од Harman/Becker.
Паралелно со лимузината е лансиран и незиниот посебен беџ
со што во Hyunadi потврдуваат дека Genesis е класа за
себе и несакаат да се поистоветува со останатите модели на производителот.
Беџот прикажува стилизирани крила кои носат црн хексагон
што според Hyundai треба да го претставува духот на летањето и
воздигнувањето.
 
|