|
Кореа Ауто Трејд, застапникот на Hyundai Motors за Македонија од денес, 1. Јули почнува со нова акција во која сите идни клиенти ќе можат да купат возило со каматна стапка од 0% на годишно ниво.

Кредитната линија на Hyundai е реализирана со Алфа Банка и функционира на следниов начин. Клиентот треба да обезбеди учество од 50% од цената на нов автомобил и потоа на 36 месеци во еднакви рати ја отплатува втората половина од цената на автообилот.
На овој начин од Hyundai сака да им олесни на купувачите да дојдат до нов автомобил по релативно прифатливо почетно учество и прифатливи месечни ануитети кои следуваат подоцна во текот на три години.
Со акцијата се опфатемни возилата од i сегментот, максимален износ на вредноста која моќе да се отплатува во наведените 36 месеци е до 7.000 евра. Односно максималната цена на автомобилот што може да се добие е 14.000 евра.
Заедно со кредитната линија Hyundai нуди уште една интересна новина на своите идни клиенти. Услугата е наречена 3х5 и во неа се опфатени следниве понуди: 5 години гаранција на новиот автомобил, 5 години бесплатна проверка на возилото во сервисите на Hyundai и 5 години 24 часовна помош на пат.
И додека првите „две петтки” од сулугата 3х5 се јасни ко ден од Hyundai подетално ја опишуваат „третата петка”. Станува збор за новоотворен центар за грижа за корисници на Hyundai кој работи 24 часа 7 дена во седмицата, или, 24/7.
Центарот е достапен на телефонскиот број +389 2 3181 388. Истиот број се користи и за повици од Македонија и за повици од странство и на сопствениците на Hyundai им ги нуди следниве услуги:
Помош на пат – без оглед дали сте останале без гориво, се случил некој поситен, или поголем проблем. Понатаму: извлекување на возило во случај на излетување од пат, пренос на возилото до првиот сервис, или пак, до матичната држава.
Следи обезбедување на возилото доколку се случил грабеж и возилото несмее да напушти лице место, престој на возило на обезбедено место во случај да с скршени прозорци, обиени брави и слично.
Бесплатно користење на заменско возило, додека возилото пртрпело дефект и е во сервис на поправка, воедно место заменско возило клиентот може да одбере хотелско сместување се додека проблемот со автомобилит не биде решен во сервис.
Услугите се однесуваат за возилата на Hyundai кои се купени од 1 јули и она што е најинтересно важат за сите држави на територијата на Европа. Притоа не се мисли на државите од Западна Европа и ЕУ, туку на државите кои се наоѓаат во географските граници на Европа. Значи од Гибралтар до Урал.
Единствена држава во која Hyundai неможе да ја обезбеди новата услуга е Косово, но според информацијата што јадаваат одговорните во Кореа Ауто Трејд на случајот се работи и се очекува скоро наоѓање на решение.
|