Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai објавува детали за Genesis Coupe
16.11.2011

Купето на Hyundai со погон на задни тркала Genesis Coupe се модернизира за што веќе пишувавме, а сега по премиерата во Кореа ги објавува и првите официјални детали за него заедно со фотографии.

hyundai-genesis-coupe-facelift-1-2011-1

Hyundai одлучи да го претстави обновениот Genesis Coupe пред домашна публика, додека светската премиера е закажана за во јануари за салонот на автомобили во Детроит.

Она што е ново кај Genesis Coupe е обновениот дизајн кој сега го носи новиот дизајнерски стил на марката, флуидна скулптура, со препознатливата шест аголна маска и светлата со остари агли со технологија на светлечки диоди.

Под лутата предница и хаубата со шкрги се сокриваат два нови мотори. Помалиот е прeвземен од Sonata Turbo и од 2.0 литри со помош на турбо натполнење и диерктно вшприцување на горивото истискува 275 КС.

Тоа се 65 КС повеќе во однос на претходниот 2.0 турбо. Вртежниот момент е подигнат на сериозни 375 Nm кои ветуваат силно повлекување од низок број на вртежи и моќни меѓузабрзувања.

Со овој мотор Genesis Coupe до 100 km/h спринтува за 7,2 секунди и во просек троши 9,1 l/100 km. Помоќната верзија го пакува 3.8 литарскиот атмосферски V6 бензинец кој испорачува 350 КС и 400 Nm.

Со него спринтот до 100 km/h се скусува на 5,9 секунди, додека просечната потрошувачка се држи во рамките на 9,7 l/100 km. И двата мотори стандрадно се спарени со шест степен мануелен менувач, а со доплата се добива автоматик со осум степени на пренос.

Покрај моторите и менувачите Genesis Coupe добива и ревидиранo подвозје, сопирачки систем и нова безбедносна електроника. Продажбите ќе стартуваат од почеток на следната година.

 

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook