Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai планира луксузна марка
09.12.2010

Најновите информации кои доаѓаат од групацијата Hyundai/Kia велат дека се крои план за создавање на трета луксузна марка во групацијата со што дополнително би се зголемиле продажбите.

genesis-logo-2010-1

Факт е дека Hyundai и Kia се во подем, а тоа го докажуваат преку огромниот раст на продажбите како во Европа така и во САД. Интересно е што алијансата на корејски марки бележи раст на продажбите за 50% во последните две години.

Продажбите на Hyundai и Kia веќе ги надминаа продажбите на Toyota и Lexus во Европа, а истото се случува во САД каде новата генерација автомобили на Hyundai, Genesis ги победува Lexus и Infinity.

Токму тука се сокриват причините за создавање на посебна луксузна марка по примерот на Lexus и на Infinity кои се луксузни марки на Toyota и на Nissan. Се очекува луксузната марка на Hyundai да го носи токму името Genesis.

Првиот автомобил којшто ќе се продава под беџот на марката Genesis би бил големиот седан на Hyundai, Equus кој на американскиот пазар ќе им конкурира на Lexus LS и на Infinity M.

Понатаму се очекува да се појави мал седан кој што ќе му конкурира на Lexus IS и на Infinity G, a по него купувачите ќе можат да го допрат и првиот кросовер нa Genesis којшто ќе му конкурира на Lexus RX и на Infinity EX.

Се очекува и купе со беџот на Genesis кое ќе биде слично на актуелното Genesis Coupe, но ќе нуди многу повеќе луксуз и ќе му конкурира на Infiniti G Coupe и на Infiniti G Cabrio и на Lexus SC.

Секако појавувањето на марката Genesis нема да биде експеримент. Кон овој нов проект се пристапува студиозно за што говори претседателот на Hyundai Motor America, Џон Крафчик кој предвидува две сценарија.

Првото сценарио, кое според Крафчик е многу поверојатно, е создавање на трета луксузна марка во групацијата која ќе го носи името Genesis и чиви модели ќе се продаваат во постоечките дилерски центри на Hyundai.

Второто сценарио е да се следи примерот на Toyota и Nissan, односно Lexus и Infinity, и за новата марка да се отворат посебни дилерски центри. Секако ова дополнително ќе го подигне имиџот на марката, но воедно ќе ја подигне и цената на нејзините модели.

Во моментот Hyundai не сака да ги продава своите модели по баснословни цени и сака да го задржи сегашниот подем во продажбата што повторно наведува на мислење дека ќе се оствари првото сценарио наведен од Крафчик.

Каков ќе биде исходот на изготвениот план зависи од успехот на Equus на пазарот во САД. Значи добра продажба на Equus и оп, Hyundai има луксузна марка. Лоша продажба на Equus и Hyundai останува Hyundai, што според сегашните резултати воопшто не е лоша варијанта.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook