Групацијата на Hyundai
Motor Company каде што спаѓа и KIA го престигна Ford по број на продадени возила во првата половина на годината и со тоа стана
четвртиот по ред производител на автомобили на светот.
Иако разликата на продадени автомобили е далеку од
масивна, станува збор за само 8.000 автомобили повеќе, сепак Hyundai успеа да го престигне американскиот гигант.
Интересно е што само до пред десет години заедничкото
произвoдство на Hyundai
и на KIA
немаше да им овозможи да се пласираат ниту меѓу десетте
најголеми производители на светот. Но, работите се менуваат.
Денес корејскиот гигант ја рашири својата мрежа на
работење покрај Јужна Кореа има погони во Соединетите Американски Држави, во
Европа поточно Словачка, во Кина и во Индија.
Стратегијата на Hyundai
Motor Company е да создава модели според условите и побарувањата на
пазарите на кои се нудат истите. Значи конкретни модели за конкретни пазари.
Стратегија која очигледно функционира безпрекорно и вродува
плод. Доволно за Hyundai да се вброи во четирите најголеми производители на автомобили на светот.
Во првата половина на годината Toyota е на
прво место со произведени 3.564.105 автомобили, втор е General Motors со 3.552.722 автомобили, а трета е групацијата на Volkswagen со 3.100.300 автомобили.
Следува список на десетте најголеми производители на
автомобили на светот:
Марка 01-06-09 01-06-08 разлика
1 Toyota 3.564.105 4.815.442 -26%
2 GM
3.552.722 4.541.125 -21,8%
3 VW 3.100.300 3.265.200 -5,1%
4
Hyundai 2.152.000 ---- ----
5
Ford 2.145.000 3.093.000 -30%
6 PSA 1.586.900 1.844.700 -14%
7
Honda 1.586.000 2.022.000 -21,6%
8
Nissan 1.545.976 2.013.611 -23,2%
9 Suzuki
1.152.000 1.283.000 -10,2%
10
Renault 1.106.989 1.326.164 -16,5%
|