|
07.11.2008 |
Hyundai најави дека работи на развој на нов автоматски менувач со
осум степени на пренос и со тоа застанува рамо до рамо со престижните
автомобилски марки BMW, Mercedes, Lexus.
Причината зошто корејскиот производител одлучи да отиде
чекор подалеку во конструирањето на сопствена трансмисија лежи во штедењето на
гориво.
Lexus веќе користи осум степен автоматски менувач за својот
знаменосец лимузината LS. Шефот за развој на Hyundai претходно најави
дека компанијата со претставувањето на генерацијата Genesis започнува
со работа на осум степен мануелен менувач.
Но, очигледно е дека тоа беше само одвлекување на
внимание. Сега сигурно е дека всушност станува збор за осум степен менувач, но
автоматски.
Истиот ќе почне да се вградува во моделите на Hyundai
во 2010, но, сеуште не се открива кои се моделите во кои ќе се вградува
менувачот.
Претпоставка е дека прва на списокот ќе големата лимузина
класа над Genesis која ќе биде замена
за Equus.
Прототипот што пред некое време ловците на автомобили го
фатија на тестирање и за кого се претпоставуваше дека е верзија на Genesis
со зголемено меѓуоскино растојание всушност е наследникот на Equus.
|