Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai со 6 новитети во Париз
25.09.2008
hyundai-i20-1.jpgHyundai подготвува сериозен настап на претстојниот салон во Париз. Корејскиот производител на една од најпрестижните автомобилски приредби ќе се претстави со 6 новитети.

Дел од новитетите веќе се продаваат на останатите пазари надвор од Европа, но сега се прилагодени токму за европскиот пазар и нивната комерцијализација треба да се очекува наскоро.

Челното место на штандот е предвидено за моделот i20 и неговата еколошка изведба i20 Blue. Hyundai верува во својот нов производ и гаи амбиции i20 да стане еден од најпродаваните автомобили во Европа.

Амбициите не се без основа за што говори техниката која се сокрива под ламарината на i20 и неговиот дизајн и секакo традиционалната доверливост и издржливост на автомобилите на Hyundai.

Големо значение им се дава и на новите модели од програмата Genesis. Луксузната лимузина со погон на задни тркала Genesis и спорткста изведба во форма на Genesis Coupe. Првото купе што доаѓа од погоните на Hyundai со заден погон.

Програмата Genesis ја претставува новата филозофија на пристап на Hyundai за влез во ексклузивниот клуб на премиум производители на автомобили.

Hyundai конечно одлучи својот голем SUV, Veracruz да го донесе во Европа. Veracruz е присутен на пазарoт во САД веќе една година и постигнува одлични продажни резултати.

hyundai-ix55-1.jpg










Секако за во Европа големиот луксузен
SUV добива ново име ix55 кое ќе претставува вистинско доживување за сите оние што сакаат врвен квалитет и беспрекорна изведба по прифатлива цена.

Специјално за настапот на европскиот пазар за ix55 е развиен нов шест цилиндерски турбо дизел кој остварува моќност од 240 коњски сили, доволно за влез во високата класа на современи SUV.

За крај Hyundai сака да ја истакне својата посветеност на зачувување на животната средина и токму затоа ќе ја претстави еколошката верзија на популарниот SUV, Santa Fe со хибриден погон кој претставува комбинација од бензински и електричен мотор.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook