Get Adobe Flash player
Hyundai марка со најниска потрошувачка
09.08.2010

Производителот од Јужна Кореа ги објави своите планови за драстично да ја намали потрошувачката кај своите автомобили во следните петнаесетина години и да стане марка со најниска потрошувачка.

hyundai-sonata-hybrid-2010-2

Според престседателот на Hyundai America, Џон Крафчик, компанијата веруав дека просечната потрошувачка на целата гама на Hyundai во следните 15 години постепено ќе се намалува се додека не се достигне бројката од 4,7 L/100 km.

„Поставената задача е доста тешка“, истакнува Крафчик. „Но, ние сме уверени дека ќе успееме да ја исполниме”, заклучува тој.

Крафчик наведува дека Hyundai уште денес располага со неопходните технологии за драстично намалување на потрошувачката како што се системот за директно вбризгување на гориво, хибридни системи, користење лесни материјали, добра аеродинамика...

Сепак, според Крафчик најголема улога ќе одиграат хибридните системи кои по комерцијализацијата на првиот сериски хибрид на Hyundai, Sonata Hybrid во текот на следната година полека ќе почнат да се имплементираат и кај други нивни модели.

Во моментот просечната потрошувачка на гамата на Hyundai изнесува 7,6 L/100 km резултат што безмалку треба да се преполови во следните 15 години. Останува да видиме дали Hyundai е на добар пат да ја оствари зацртаната цел.

 

 

 

Facebook