|
Корејскиот производител на автомобили за претстојниот салон во Париз најавува дека ќе го претстави својот прв моноволуменец во сегментот каде сега се перчи i20. Новиот MPV треба да го носи името ix20.

Првиот мал моноволуменец на Hyundai ix20 e целосно дизајниран и развиен во развојниот центар на компанијата во Риселхајм, Германија ix20 го следи дизајнот на флуидна скулптура најавен од Hyundai со новата Sonata, Sonata Hybrid, ix35 и Elantra и Accent.
Ознаката ix20 на новиот MPV не е залудна. Тој преставува вкрстување на видовите на еден моноволумен со кросовер. Со него Hyundai најавува еден универзален модел способен да обедини комфорот на патниците, добри динамички карактеристики, задоволство при возење и зголемената проодност.
Се очекува ix20 да влезе во сериско производство до крајот на годината, додека комерцијализацијата би стартувала во првото тримесечје на 2011 под гаранцискиот пакет нa Hyundai наречен 3х5 или 5 години тројна гаранција.
Овој пакет за кого веќе пишувавме вклучува 5 години гаранција без ограничување на километрите, 5 години 24 часовна помош на пат во географските граници на Европа и 5 години бесплатна проверка во сервис.
Од Hyundai истакнуваат дека на салонот во Париз ќе имаат за 66% поголем изложбен простор во споредба со лани потребен за да се прикаже широката гама на возила и новите технологии пкаде предничи еколошката програма Blue Drive.
|