Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai со нова генерација на Н-1
16.05.2008
hyundai-h-1.jpgHyundai и се спортивставува на конкуренцијата, во класата на големи ванови, со новиот H-1 кој удобно ќе превезува патници и роба по пристојна цена.

Најавата е дека H-1 стартува со продажба кон крајот на месецот по цена од 19.800 евра со нов мускулест дизајн кој привлекува и ветува. Ова второто е поддржано од 2.5 литарскиот турбо дизел кој на задната оска испорачува здрави 170 коњски сили.

На нашиот пазар H-1 доаѓа како фургон со товарен простор кој во должина мери 2,37 метри, широк е 1,62 метри и висок е 1,35 метри, односно нуди зафатнина од 4.308 литри или 4,3 m3 и како комбинација од патничка и товарна верзија наречена H-1 Mix која во зависност од изведбата може да превезува пет или шест патници, а на располагање е и H-1 Minibus кој нуди простор за превоз на девет патници.

H-1 Mix може да се користи за превоз на роба, професионална опрема за работа, но и за спортски реквизити и многу багаж кога се кинисува на викенд или на одмор, бидејќи нуди багажник со волумен од 2.500 литри или 2,5 m3, а во исто време способен е да понуди комфор во кабината својствен за патничките ванови.

Освен тоа Н-1 нуди соодветно ниво на опременост како што се кодиран клуч, поддесиви фарови, серво волан, централна брава, електрика на ретровизори и електрика на предни стакла, а кое по желба на купувачот може да опфати се што денеска има на репертоар автомобилската индустрија.

Дизајнот на арматурата и квалитетот на вградените материјали ветуваат дека Н-1 нема да им се допадне само на оние што им е потребна добра работна машина.

Транспортерот на Hyundai во должина мери 5125 милиметри, ширина 1920 и висина 1925 милиметри, има радиус на вртење од само 5,6 метри и просечна потрошувачка од 8,5 литри. Доволно за рамноправна борба со ривалите од класата.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook