Производителот од Кореа планира да го замени актуелниот
модел Hyundai
Coupe со нов радикален модел кој на пазарот треба да се фати
во костец со модели како што е еден Volkswagen
Scirocco.
Концептот на ова купе Hyundai за првпат го претстави
во 2007 на салонот во Сеул наречувајќи го Veloster. Соодветен назив за еден автомобил кој треба да биде олицетворение на
брзина и спортски перформанси.
Hyundai
Veloster има димензии кои одговараат токму на VW Scirocco. Тоа значи дека автомобилот е помал од актуелното купе на Hyundai.
Како што наведуваат одговорните од Hyundai, Velsoter во должина мери 4.285 mm, широк е 1.790
mm и што е најинтересно ќе биде поставен на платформата на Hyundai i30 која ќе претрпи мали измени.
Внатре Veloster треба да овозможи комфор и практичност во користењето како кај компакт со
конфигурација на седишта 2+2.
Како што се најавува под хаубата ќе работи турбо бензинец
со зафатнина од 1.6 литри и директно вбризгување. Четири цилиндарецот ќе
испорачува 168 КС и ќе биде комбиниран со системот старт/стоп заради поголема
штедливост.
Од Hyundai истакнуваат дека „автомобилот ќе биде економичен, но и многу брз”, а
според информациите ќе обилува и со високотехнолошки системи.
Hyundai
Veloster треба да го очекуваме на пазарот во Европа за околу
година и половина.
|