|
Hyundai привлече огромно внимание со шестата по ред генерација на Sonata. Побарувачката, посебно на северно американскиот пазар е голема што е причина за понатамошен развој на моделот.

Sonata на светската јавност и беше претставена минатата година, но годинава официјално стартуваше продажбата прво на пазарот во САД, а потоа и на пазарите во Јужна Кореа, Индија, Сингапур, Австралија.
Годинава Hyundai ја претстави и хибридна верзија на Sonata која воведува еден вид револуција меѓу хибридите.
Логичен след на настаните е и развој на кабриолет за кого е сигурно дека ќе биде уште еден голем хит кај американците. Кабриото би требало дополнително да го зголеми интересот за Sonata и да му донесе на Hyundai уште поголеми профити.
Hyundai за Sonata Cabrio нема да експериментира со скапите метални склопливи конструкции. Автомобилот ќе има мек склоплив кров што ќе му ја намали цената и ќе биде подостапен, а воедно ќе му ја зголеми практичноста бидејќи остава многу простор во багажникот што ќе знаат да го ценат американските домаќинки.
Промовирајќи го задоволство при возење со ветер в коси и спортските аспирации Hyundai под хаубата на Sonata Cabrio ќе смести два мотори. Послабиот е атмосферскиот бензинец од 2.4 литри и 200 КС, а помоќниот е турбо бензинецот од 2.0 литри и моќност од околу 280 КС.
Иако создавањето на кабрио со две врати и четири места за седење асоцира дека Hyundai можеби подготвува и купе верзија од Sonata сеуште не е сигурно, но конструкцијата е тука па зошто да не се искористи.
|