|
Hyundai подготвува големо изненадување на претстојниот салон за автомобили во Женева прикажувајќи и ја на светската јавност сериската верзија на концептниот кросовер HED-5 i-Mode.

Концептот HED-5 i-Mode првпат беше прикажан на салонот во Женева во 2008, а две години подоцна на истиот настан пристигнува и неговиот брат близнак подготвен за да влезе во сериско производство.
Сериската верзија на кросоверот ги запазува димензиите на концептот, споредено со пратечкиот автомобил на инженерскиот тим задолжен за тестирање, новиот Sportage на Kia. Но затоа дизајнот е многу пообичен во споредба со концептот.
Протечените информации кои го откриваат проектот на Hyundai велат дека HED-5 како што ќе гласи името на новиот кросовер на почеток под хаубата ќе го носи актуелниот 1.6 литарскиот турбо дизел со 116 КС познат од i30.
Интересно е што HED-5 идентично на концептот ќе нуди шест места за седење распоредени во три реда по две седишта. Со можност за целосно преклопување на третиот ред седишта во подот на багажникот кога за нив нема потреба.
Комерцијализацијата на пазарот во Европа е закажана за месец мај, а подоцна ќе се појави и на пазарите во Азија и во Северна Америка.
|