|
Hyundai не сокрива дека неговото ново купе со наоѓа во завршна фаза на тестирање и дека во скоро време треба да се појави на пазарот. Доказ се и низата фотоси на маскираниот автомобил.

Отворено за новото купе, кое најверојатно ќе го носи името Velsoter според концептот којшто беше претставен на салонот во Сеул во 2007, проговори шефот на Hyundai Motor America, Џон Крафчик.
Според него новото купе на почеток ќе биде задвижувано од нов атмосферски бензинец со четири цилиндри и зафатнина од 1.6 литри. Моторот ќе има директно вбризгување на гориво, моќност од 122 КС и максимален вртежен момент од 155 Nm.
Крафчик нагласува дека со овој мотор Velsoter во просек ќе троши 5,9 литри што е за 0,1 литар пониска вредност од онаа на хибридната Honda CR-Z. Згора хибридниот конкурент на Velsoter носи дополнителна тежина, губи простор заради сместување на батериите и чини повеќе.
Ова значи дека Velsoter нема да има хибриден погон како што велеа ред од шпекулациите туку погонот ќе се потпира исклучиво на високо технолошки и високо ефикасен бензински мотор.
Крафчик нагласува дека атмосферскиот бензинец подоцна ќе добие и турбо натполнење заокружувајќи ја моќноста на 175 КС. Тој исто така ја отвори можноста Velsoter на американскиот пазар да го понесе познатото име Tiburon кое го носи Hyundai Coupe.
Купето првично би се појавило во Америка, а подоцна во Европа. За да се задоволат вкусовите на млaдите купувачи кои ќе бидат главните клиенти Hyundai во Velsoter сериски ќе нуди аудио систем кој ќе се управува преку touch screen LCD дисплеј, а на списокот се и приклучок за iPod и USB порт.
|