|
09.11.2011 |
|
Брзо по најавата дека наскоро почнува сериското производство на два нови мотори, Hyundai ја најавува и турбо верзијата на своето единствено купе Veloster која ќе доживее премиера во Детроит.

Информацијата доаѓа директно до Џон Крафчик кој ја најави премиерата на Velsoter Turbo и го најави стартот на продажбата на турбото кон крај на следната година како модел од моделската година 2013.
Veloster Turbo го пакува новиот 1.6 литарски турбо бензинец T-GDI кој со помош на турбо натполнење и директно вшприцување на горивото истискува 204 КС и 265 Nm.
Крафичик сеуште не ги споменува перформансите на купето, но најавува дека визуелно автомобилот многу малку ќе се разликува од актуелниот Velsoter. Покрај него Крафчик најавува и модернизирање на Genesis Coupe.
Под хауба на новата изведба ќе работи исто така нов 2.0 литарски турбо бензинец и обновениот 3.8 литарски V6 кој ќе испорачува 333 КС. Genesis Coupe како и Veloster ќе го здогледа светлото на денот во Детроит.
|