Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai во офанзива со Genesis
09.01.2008
hyundai-genesis-cut.jpgПо претставувањето само за затворен круг на луѓе, Hyundai конечно најавува светска премиера на својот нов знаменосец Genesis, на претстојниот салон за автомобили во Детроит.

Со еден ваков план во Hyundai планираат малку да ги раздвижат работите во сегментот на луксузни лимузини. Првиот пазар на кој ќе се појави Genesis секако ќе бидат САД. Genesis во продажните салони пристига во текот на годината по неверојатна цена пониска од 30.000 долари за основниот модел.

Genesis и покрај ваквата ценовна поставеност ќе нуди технолошки новини кои мажат да се најдат и кај најлуксузните примероци од германската авто-индустрија. Активни наслони за глава, контрола на стабилноста, 8 воздушни перници, греани и вентилирани седишта, адаптибилни предни светла, навигација, сателитско радио... Секако сето ова ќе доаѓа со доплата.

Во Hyundai сеуште молчат за ентериерот, но гласините велат дека кабината има повеќе простор од онаа на Mercedes Класа Е и дека е на ниво на BMW Серија 7. Воедно по желба купувачот може да ја добие целосно обложена во кожа, ова важи дури и за арматурата.

Гледано однадвор автомобилот ниту малку не наликува на еден Hyundai, тука секој може лесно да се прелаже. Чистите линии и сосем новата предна маска упатуваат на нешто многу полуксузно. Дури кога ќе се погледне одзади се гледа беџот на Hyundai. Од напред беџот е намерно изоставен бидејќи во Hyundai се свесни за снобовскиот однос на луѓето кон марките.

Како што е најавено претходно Genesis доаѓа со три мотори. 3.3 и 3.8 литарските V6 и 4.6 литарскиот V8 од генерацијата Tau кој остварува здрави 368 КС и максимален вртежен момент од 440 Nm. Од овој мотор моќноста се испраќа на задните тркала преку чест степен автоматски менувач од ZF, додека останатите два мотори имаат шест степена автоматика од Aisin.

Се најавува дека најмоќниот Genesis ќе забрзува до 100 km/h за помалку од 6 секунди, а дека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h. Но, овие податоци сеуште не се потврдени на официјален тест.

Со оглед на фактот дека главните конкуренти на Genesis се значително поскапи кај купувачите се јавува контрадикторност за евтин луксузен автомобил. Но, само времето ќе покаже дали Hyundai прави паметен потег со евтин луксузен автомобил и дали ќе успее да присвои голем дел од пазарот за себе.

hyundai-genesis-new-1.jpghyundai-genesis-new-2.jpghyundai-genesis-new-3.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook