Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
И автомобилот твој и парите на број
11.06.2010

Во очекување да стигнат до што поголем број на клиенти сестринските компании Порше Лизинг и Порше Македoнија промовираат нова финансиска кампања насловена како „И автомобилот твој и парите на број!”.

vw-polo-bluemotion-2010-1

Според излагањето на одговорните во компаниите станува збор за нов модел за финансирање на клиентите кој е продолжение на лизинг кампања Антистрес лизинг и според пресметките во моментот ги нуди најповолните услови на финансирање на пазарот.

Новиот лизинг овозможува купување на нов автомобил со учество од 20% од неговата вредност и на варијабилен период од 48 до 72 којшто клиентот сам го избира според висината на месечната рата која му одговара. Каматата на новата лизинг понуда изнесува 2,9% на годишно ниво што е најниска каматна стапка на пазарот кај нас.

Од Порше Лизинг истакнуваат дека оваа понуда е направена по мерка на клиентите кои се заинтересирани за моделите VW Polo и Golf и Skoda Octavia и Jeti, додека за останатите модели и моделите од понудата на Audi и на Volkswagen комерцијални возила на барање на клиентот се изработува специјална понуда.

„Идејата на новата понуда на Антистрес лизинг е нашите возила да ги направиме уште подостапни до пошироката популација имајќи ја во предвид постоечката понуда на автомобилски финансиски производи на пазарот во Македонија и нивната неусогласеност со потребите на клиентите, а согласно искуствата од западните земји,” истакнува директорот на Порше Македонија Златко Муцунски.

Муцунски најави дека ова е вистинскиот начин да се подобри состојбата на пазарот кој во однос на истиот период лани бележи пад од 30%. Без оглед на лошата состојба на пазарот според Муцунски, Порше Македонија нема намера да ја девалвира вредноста на програмата на возила нудејќи значителни попусти. Воедно верува дека со новата понуда Порше Македонија значително ќе ја зголеми бројката на продажба на возила на лизинг од постоечките педесетина проценти.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook