Get Adobe Flash player
И Bugatti со купе со четири врати
23.09.2009
bugatti-galibier-16c-2012-1.jpgВо Франкфурт Bugatti претстави нова креација на тема купе со четири врати. Иако првите фотографии се појавија рано на интернет вистинските информации дојдоа дури на светската премиера.

Параелно со појавувањето на првичните информации за овој спортски луксузен превозник се појавија и претпоставките за неговото име. Се шпекулирше со имињата како Royale или Bordeaux, на но крај излезе дека станува збор за Bugatti Galibier 16C.

Galibier е името на највисокиот превалец на венецот на француските Алпи преку кој води рутата на славната велосипедска трка Tour de France. Превалецот Galibier се наоѓа на надморска височина од 2.645 метри.

Одговорните од Bugatti истакнуваат дека трите основни принципи врз кои е изграден Galibier се: Искуство, Форма и Техника.

Принципи кои се поврзуваат со дизајнот надвор и внатре, иновативни технологии и материјали користени при создавањето на автомобилот и за крај монструозниот мотор со неверојатна моќност.

Со спојувањето на сето ова се доаѓа до името Bugatti Galibier 16C, име кое се врзува со вистински спортски автомобил којшто нуди многу место за превоз на патници и многу луксуз.

Сржта на Bugatti Galibier ја сочинува просторна рамка од алуминиум и карбон-фибер која ја носи врвната механика и каросеријата исто така делумно изработена од карбон-фибер и обоена во темно сина метална боја и делумно исработена од алуминиум полиран за да се добие саканиот ефект на престиж.

Покрај автентичниот дизајн и првокласниот луксуз својствен за марката е и моторот W16 кој го задвижува Galibier и во случајот е поставен под хаубата напред, место централно како кај супер спортистот Veyron.

Galibier стилот на хечбек со петта задна врата, грпка која оди по должината на автомобилот и хауба која се отвора во два дела го влече од историскиот модел на Bugatti, Type 57 Atlantique.

Внатре доминира арматура изработена во дрво и кожа на која централно се поставени два инструменти едниот ја покажува моменталната брзина, а другиот впрегнатите коњски сили, а на врвот е часовникот на швајцарската компанија Parmigiani кој може да се извади и да се постави во соодветно куќиште за на рака.

Останатиот дел од кабината во која во раскош можат да се возат четири патници е преслечен со кожа и украсен со детали од дрво и полиран алуминиум.

Bugatti сеуште молчи за техничките детали на Galibier 16С она што е извесно е дека под хаубата ќе работи наведениот 8.0 литарски мотор што го откриваат два пати по четири пара издувни цевки кои штрчат од задниот браник.

Се очекува дека расположивата снага ќе биде намалена во однос на онаа на Veyron. Galibier 16C најверојатно ќе мора да се задоволи со околу 800 КС кои место со четири независни турбо полначи се добиваат благодарение на два двостепени турбо полначи.

Снагата до тркалата место преку менувачот со две спојки од Veyron, ќе се пренесува преку 8 степен автоматски менувач.

Производството на Galibier 16C сеуште е неизвесно. Според зборовите на одговорните од Bugatti одлуката ќе падне некаде на пролет следната година бидејќи компанијата сеуште е преплавена од нарачки за Veyron и работи напорно на исполнување на истите.

Bugatti сеуште има за исполнување на 50 нарачки од едицијата на Veyron која ќе се заокружи на 300 произведени примероци. Дури и отворениот модел лимитиран на 150 произведени примероци има преку педесетина нарачатели.

Сето ова говори дека доколку Galibier влезе во сериско производство тоа ќе биде некаде во 2012 кога се планира да заврши производството на Veyron.

 

 

 

 

Facebook