|
Citroen официјално го претстави својот електричен автомобил кој соодветно на ознаките намарката ќе го носи името C-Zero и ќе се произведува врз основата на електромобилот на Mitsubishi, iMIEV.
Електромобилот C-Zero е ново чедо од договорот постигнат меѓу PSA Peugeot Citroen и Mitsubishi. C-Zero e нов електричен автомобил поставен на платформата на iMIEV.
Истиот електромобил ќе пристигне на пазарoт и под знакот на Peugeot и ќе се нарекува iOn.
Citroen C-Zero го задвижува електричен мотор со моќност од 64 КС кои се постигнуваат од 3.000 до 6.000 врт/мин и има максимален вртежен момент од 180 Nm расположиви од 2.000 врт/мин.
Снагата се пренесува до задните тркала преку менувач со еден степен на пренос, а за напојување на електромоторот се користат литиум-јонски акумулаторски батерии од последната генерација со напон од 330 V сместени централно во автомобилот
Со едно полнење на пакетот батерии C-Zero има автономија од 130 километри. Новата литиум-јонска технологија овозможува задржување на високо ниво на перформанси без оглед на староста на батериите.
Воедно батериите се исклучително отпорни на делумни полнења кои немаат никакво влијание на долговечноста на батериите.
Без оглед на електричниот погон C-Zero е пристојно брз автомобил има максимална брзина од 130 km/h и е способен до 100 km/h да забрза за 15 секунди. Меѓузабрзувањето од 60 до 90 km/h трае само 6 секунди
Полнењето на акумулаторските батерии преку стандардната електрична мрежа од 220 V трае 6 часа. Тогаш тие го достигнуваат максималниот капацитет. Но, полнењето на посебна станица со напон од 400 V батериите за само 30 минути достигнуваат капацитет од 80%.
Со должина од 3,48 m, меѓуоскино растојание од 2,55 m, радиус на вртење од 9 m и волумен на багажникот од 166 литри C-Zero е вистински градски автомобил со богатство опрема како ABS, TCS, ESP, серво волан, 6 воздушни перници, автоматски клима уред, електрични стакла и ретровизори...
Заради нултата емисија на издувни гасови француската влада при купувањето на C-Zero ќе одобрува бонус од 5.000 евра со што барем малку се поништува високата цена на електромобилот.
Од Citroen истакнуваат дека C-Zero на пазарот ќе се појави кон средината на следната година, додека нарачките ќе почнат да се примаат од почетокот на годината.
Планот на PSA Peugeot Citroen е годишно да произведуваат 25.000 примероци.
|