|
22.05.2007 |
Кинеската марка Chery ќе ја преиспита соработката со концернот Chrysler. Поради крајот на автомобилскиот брак на Daimler и Chrysler ситуацијата се промени од корен.
Chery е изненаден од продажбата на Chrysler. Првиот заеднички проект веќе е запрен. Chrysler сакаше уште во април да го претстави првиот свој модел за кинескиот пазар.
„Ние и натаму сме во преговори со Chrysler, но се уште немаме контакт со новите сопственици”, изјави Жанг, шефот на Chery. Со продажбата на Chrysler на инвеститорoт Cerberus соработката заглави. И кинеската влада ќе мора одново да ја одобри кооперацијата со Chery.
Шефот на Chrysler Том Ла Сорда настојува за уште потесна соработка со Chery. И Тревор Хејл, портпарол на марката Daimler Chrysler во Пекинг изјави: „Ќе ги продолжиме сите наши проекти”. Но, Кинезите сакаат да преговараат одново.
Chery е дури заинтресиран да ја купи марката Dodge која е дел од концернот Chrysler. Жанг го протолкува тоа како шпекулација, но не ја демантираше. Chrysler веќе се изјасни дека сака да ги задржи марките Jeep, Dodge и Chrysler.
|