Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
И Nissan го откажува учеството на Детроит
26.11.2008
nissan-370-z-salon-1.jpgNissan и неговата луксузна марка Infinity објавија дека нема да земат учество на салонот во Детроит во јануари 2009. Потегот не изненадува со оглед на ставот на другите компании.

Официјалното соопшетние на Nissan вели дека одлуката паднала по ревидирање на трошоците откако големата финансиска криза го зафати светот.

Одлуката на Nissan не изненадува. Напротив се очекува уште производители да најават дека нема да присуствуваат на Северно американското шоу во Детроит.

Nissan и Infinity паралелно најавија дека нема да изложуваат ниту на салонот во Чикаго кој се одржува во февруари 2009.

Интересно е што јапонскиот производител до сега не дал никаов сигнал дека се наоѓа во финансиска криза.

Според одговорните во Nissan откажувањето од големите салони е еден вид превентивна мерка со која компaнијата се подготвува да го дочека големиот финансиски удар што ќе го зафати пазарот на автомобили во 2009.

Nissan по Mitsubishi, Ferrari, Land Rover, Rolls Royce и Suzuki е шестиот производител на автомобили кој годинава се откажува од Детроит.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook