|
11.04.2007 |
Студентите од универзитетот Санио во Јапонија гo изработија ова возило, со идеја да создадат амфибиско возило што ќе се користи без потреба од поседување дозвола за управување чамец.
Каросеријата е изработена од пластика, погонот го дава двотактен мотор од 50 сантиметри кубни со сила од 5,6 КС. Целата технологија на возење по вода е едноставна и се сведува на двете пластични буриња одзади, што се спуштаат кога се вози по вода, за да може да плови воопшто амфибијата, и се креваат за на цврста подлога. Крајно едноставно решение, генијално замислено.
|