|
18.01.2012 |
|
Од Porsche пристигнува информација која вели дека марката се откажува од проектот на мал родстер кој би бил позициониран под Boxter и следствено би бил подостапен и помасовен.

Меѓутоа откако Volkswagen само пред неколку дена прикажа дека економски е неоправдано да го произведува BlueSport и Porsche настапува со слична теорија за својот родстер.
Според шефот на компанијата, Матијас Мулер, клиентите на Porsche воопшто не се подготвени за еден таков модел и дека во моментот не е време Porsche да нуди на пазарот премногуевтини модели.
Родстерот на Porsche за кого се веруваше дека ќе ја носи ознаката 550 требаше да биде поставен на иста платформа како и BuluSport со централно поставен мотор, лесна градба и мек склоплив кров.
Сега се поставува прашањето дали и третиот модел којшто требаше да се гради на истата основа Audi R4 ќе осамне пред купувачите, или пак и тој како проект ќе остане да седи во фиоките за некоја идна реализација.
|